Sveti Ilija

Индекс на артикл

Црквата Христова ( I дел )

На самиот почеток ќе разјасниме некои поими: што е Црква, зошто е таа Една, Света, Соборна и Апостолска, кои се нејзините членови, кој раководи со

животот на Црквата, и што е тоа заедница на Светите?

Црквата е дом Божји соѕидан врз темелот на апостолите и

пророците, каде аголен камен е самиот Господ Исус Христос, врз Кого целата зграда, стројно зглобена прераснува во свет

храм на Господа ( Еф. 2.2021)

Црквата е Божја фамилија/​семејство создадена со збор, со дело и крвта на Исуса Христа, а раководена и вдахновена од Светиот Дух како што ни вели Светото Писмо: “ Jас ќе го помолам Отецот, и Он ќе ви даде друг Утешител за да биде со вас довека; Духот на Вистината, Кого ќе го испрати Отецот во Мое име, Он ќе ве научи на се што Јас ви реков”

( Јн. 14. 16,26 ) Господ тоа Свое ветување го исполни во педесетиот ден по воскресението ( во недела ) ( Дела ап. 2.-14).

Црквата е Една. Затоа што Таа е едно духовно тело со една глава, Исус Христос “ и Него Го постави над се за Глава на цркватач Која е тело НеговоЌ ( Еф. 1.2223); и со еден Дух Свети кој живее во Неа ( Еф. 4.46; Флпј. 1.27).

Црквата е Света, бидејќи Таа е осветена со светоста на Нејзиниот Основач, Исус Христос, а Нејзината цел е да ги освети луѓето ( Еф. 5.2327; Рим. 11.16). Света е затоа што во Неа пребива Духот Свети; Света е по учењето за Светите Тајни.

Соборна е затоа што таа не е ограничена ниту со простор ниту со време ниту со раса ни со јазик. Таа се обраќа на целиот човечки род. Воскреснатиот Господ Исус Христос ги упатил Своите апостоли: “Одете и научете ги сите народи…”( Мт. 28.19; Евр. 12.2224).

Црквата е и Апостолска, заради тоа што Духот, учењето и дејноста се запазени во Црквата. Taa мора во потполност да им се потчинува на апостолите затоа што нив ги има избрано Самиот Христос лично и им дал власт да говорат во Неговото име. ( Јн. 15.27ч Гал. 17).

Што се однесува до нејзиниот ерархиски (свештен) поредок, тоа е желба на Самиот Господ Исус Христос: Тој – Глава; органи – апостолите и нивните наследници — епископите со свештениците и ѓаконите, а органи на телото – верниците. Тоа е волја Божја и за нас таа е Амин. Значи во Црквата Христова немаат сите иста улога или служба. На тоа не упатува и Светото Писмо: “ И едни од вас Бог постави во Црквата прво апостоли, второ пророци, трето учители; потоа даде дарби за чудеса и исцелување; па застапници, управници и луѓе што зборуваат на разни јазици. Та сите ли се апостоли? Сите ли се пророци? Сите ли се учители? Сите ли се чудотворци? .…”(1Кор. 12.2830). Да се споредат и овие напоредни места: (Еф. 4.11ч Тит. 1.59ч Рим. 12. 48ч Дел. Ап. 20.2830ч Флпј. 1.1ч 1Тим. Гал.3).

Според тоа, Црквата е голем, жив духовен организам, кој св. апостол Павле го споредува со човечко тело и неговите органи. Глава на тој духовен организам и тело (Црквата) е токму Господ Исус Христос.” И Oн е глава на телото, Црквата…” ( Кол. 1.18,24ч Еф. 1.2223ч 5.23); А членови на Црквата се органите од телото, “ Зар не знаете дека телата ваши се Христови членови? “ (1Кор. 6.15); “ вие сте телото Христово, а поодделно – членови.” (1Кор. 12. 1227).


Господ во својата Црква за видливи органи најнапред ги поставил своите апостоли и ги снабдил со благодатна сила и абсолутна власт да учат, поучуваат, опростуваат или не опростуваат гревови; непокорните членови да ги исклучуваат од Црквата како незнабошци: “ Еве ви давам власт да настапувате на змии и скорпии, и на секаква непријателска сила; и ништо нема да ве повреди; …, “ Кој ве слуша вас, Мене ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што ме пратил”. ( Лк. 10.19,16). И понатаму На кои ќе им ги опростите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат”. ( Јн. 20.23).

Да обрнеме внимание на ова, иако Господ Исус Христос го следеле и слушале многу луѓе, Тој оваа власт ја дал исклучиво и само на своите апостоли (седумдесетте и на дванаесетте). Оваа вистина ја потврдува и Христовата првосвештеничка молитва во која Тој се моли за своите апостоли (освен за едниот кој што го предаде) и само нив им ја посветува Вистината, и само нив им го предава Зборот Божји; и само нив ги праќа во светот да го проповедаат Евангелието. (Јн. 17).

Ова е навистина многу битен доказ преку кој на прав начин би го сфатиле и разбрале вековното устројство на христовата Црква. Оваа власт понатаму преку апостолите – преку полагање раце (ракополагање), се пренесувала на сите понатамошни пастири на Црквата, па се до денешни денови и до крајот на времето кое се нарекува (апостолско преемство): “ Па откако им ракоположија свештеници за секоја црква, се помолија со пост, и ги предадоа на Господа, во Кого беа поверувале”. ( Дел.ап. 14.23).

Од сето ова до сега изложено можеме да заклучиме дека без апостолско преемство и ерархиско устројство-​поредок, неможе да се зборува за Црква – туку само за секта.

Што се однесува за “ сеопштото свештенство”, кое го заговараат скоро сите секти, како што веќе понапред видовме, Светото Писмо е категорично – од тоа нема ништо! Затоа што само еден е Патот, Вистината и Животот, а тоа се наоѓа само во Црквата Христова, бидејќи Таа е: “столб и тврдина на Вистината” (1Тим. 3.15).

Бог е глава и животен принцип на Црквата, и Тој е Вистината. (Јн. 14.6; 8.14,45) Според тоа, Црквата е од Вистината (Бога) и на Вистината создадена, во Неа се содржи Вистината. Таа ја проповеда и шири Вистината ширум светот, ја чува и брани од оние кои Неа сакаат да ја изопачат и преобразат во лага. (Дел. Ап. 20.29,30).

Во тоа Црквата успеа преку силата на Оној Кој во Неа живее и со Неа управува (Еф. 5.29) потпирајќи се на ветувањето Господово: ”…ќе ја соѕидам Црквата Своја и вратите на пеколот нема да ја надвладеат,…и еве Јас сум со вас до свршетокот на светот” ( Мт. 1618ч 28.1920). Ова ветување првенствено се однесува на Црквата Негова, затоа што Го дал само на Своите апостоли, кога бил насамо со нив, а тек потоа може да се разбере како порака кон сите луѓе кои веруваат во Него и кои веќе се наоѓаат во Неговата Црква.

Стапувајќи во верата, преку крштението и останатите свети Таинства, луѓето стапуваат во органско духовно единство со Бога, постануваат органи на духовното тело Христово (Еф. 1.23); храмови на Светиот Дух (1Кор. 3.16; 6.19). Господ тоа единство појасно го претставил, споредувајќи се Себе со лоза, а членовите на Црквата со прачки. “ Бидете во Мене, и Jас ќе бидам во вас. Како што прачката неможе да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие ако не бидете во Мене. Јас сум лозата, а вие прачките, и којшто е во Мене и Јас во него, тој ќе даде многу плод; оти без Мене не можете да направите ништо. Ако некој не остане во Мене ќе биде исфрлен надвор, како прачката, и ќе се исуши; а таквите ќе ги соберат и во оган ќе ги фрлат, и ќе изгорат. Јас сум вистинска лоза, Мојот Oтец е лозарот. Секоја прачка што не дава плод, Он ќе ја исече и секоја што дава плод, ќе ја очисти, за да принесе повеќе плод”. (Јн. 15.46,12).

Приредил протоереј Константин Митровски

1775 Bris­tol Road West
Mis­sis­sauga Ontario L5M 2Y5 Canada

1 (905) 82180550

moc@​st-​ilija.​ca

Дома Духовност Црквата Христова ( I дел )