Sveti Ilija

Индекс на артикл

За прославувањето на семејните светии !

Првохристијанската вера ни е од Бога дадена до нас и од Светите апостоли предадена, да го

славиме Бога и Неговите светии . Славењето на Бога и Божјите угодници: Ангелите , Апостолите, Пророците, Мачениците, Светиите, Преподобните и сите Праведници , тоа е нашиот

православен став кон животот, преку кој се исповеда својата вера во вистинската цел и значење на нашиот човечки живот овде на земјата и во вечноста. Зашто оној кој го фали Бога и Божјите светители, тој ја слави вистинската и вечна слава на човекот во живиот Бог, и тој нема да ги слави ниту лажните богови и смртни и минливи луѓе од и во овој свет. Тие кои се поклонуваат на Бога и Божјите светии како на вистински бесмртни луѓе, кои во овој минлив живот влегле во живиот Бог во вечен живот и бесмртност , тие и самите ќе се прослават со слава Божја , затоа што ќе се уподобат од Бога да бидат прославени заедно со Светите во бесмртното Царство на Небото.

Прославата на светци — покровители на семејства, несомнено влече корени од дамнешно време и се донесени во согласност со христијански начин на славењето Бога преку Божјите угодници — светии. Корените на развојот на овие слави особено го наоѓаме во периодот на вековниот тежок период на османлиското владеење . За свои застапници христијаните најчесто си ја имале Мајката Божја Богородица или било кој друг светец (на чиј ден примиле христијанство). Славата се пренесува од генерација на генерација, од татко на син , и не бледнее дури и во најтешките моменти од нашата историја.

За жал, “ Славите“ во многу од нашите македонски православни семејства се претвораат во обичен празник со многу храна. Во многу македонски куќи нема икони, нема кандила, не се пече празничен леб, не се пали свеќа, не е направено молитва за нивно осветување. Заради оваа причина е и овој мал прирачник кој ги опишува сите потребни чекори за достојно одбележување според нашите исконски начини.

Кога семејството треба да почне да слави?

Одговорот е едноставен и логичен : кога ќе станат независни. Кога синот ќе се ожени и ги напушта своите родители и формира посебен дом. Зошто да се лишиш себе си и своето семејство од благодатните дарови кои ги донесува славата? Оттука, лажни верувања кои постојат во некои краишта во нашата земја, ако е син одвоен од родителите не треба да слави, бидејќи се живи неговите родители! Погрешно ! Понекогаш се случува, дека семејствато не слават, бидејќи се во тага, кое исто така е погрешно, со кое покажуваме недостаток во разбирањете на суштината за одбележувањето на светителите!

Подготовки во пресрет на славата

Неколку дена пред славата , домаќините треба да го поканат свештеникот во својот дом да благослови водичка. За осветувањето на вода треба да се подготви :

сад на чиста вода, босилок, темјан, кадилница, свеќа, листа на живите членови на семејството.

Осветување на водичка се прави на источниот ѕид од собата пред иконата. На чинот на осветување на водата треба да присуствуваат сите членови на семејството, кои се во тој момент веќе во куќата.

Осветување на водичка е многу важен чин , бидејќи осветувањето на водата е слегување на Светиот Дух и осветување на семејниот дом и сите членови . Осветена вода се чува како би со неа докаќинката замесила празничниот леб.

За славата треба да имаме приготвено и свеќа од чист восок, со чија чистота ја претставуваме нашата најчиста и искрена жртва кон Бога . ваквите свеќи можеме да ги најдеме само во Црква.

Свеќата ја претставува Божјата светлина за просветлување на нашето разбирање , да ги зајакне доблестите во нашиот христијански живот.

Црвеното вино е исто така важен фактор. Налевање вино на пресечениот празничен леб значи дека преку крвта Христова ние се очистуваме од нашите гревови.

1775 Bris­tol Road West
Mis­sis­sauga Ontario L5M 2Y5 Canada

1 (905) 82180550

moc@​st-​ilija.​ca