Sveti Ilija

КАКО СЕ ПРЕСМЕТУВА ДАТУМОТ ЗА ВЕЛИГДЕН?

Празнувањето на најголемиот празник кај православните христијани – Велигден

не е поврзано со одреден датум. Пресметано е дека „празникот над празниците“ може да падне дури на 35 датуми во периодот од 22 март до 8 мај, односно два дена по Ѓурѓовден.Зошто токму

Велигден, главниот празник е првиот на листата на оние чие одбележување е со променлив датум? За ова прашање било расправано уште на Првиот собор во Никеја, во 325 година, но правилата за пресметување на датумот на која паѓа Велигден биле утврдени многу подоцна. Поточно, по цели 200 години, во 526 година. Во раниот период на христијанството било многу тешко да се постигне единство како и кога да се определи и да се усогласи датумот на славењето на Воскресението Христово и затоа требало да помине многу голем временски период.

Некогаш, правото за одредување на времето кога ќе се прославува Велигден и’ било доверено на Александриската црква, бидејќи во тоа време Александрија била центар на најучените црковни Оци, кадри кои се занимавале со христијанските проблематики, но подоцна, кога се пронашол математички начин на пресметување, лесно можело да се утврди кога ќе падне Велигден по 40 или 50 години.Во 526 година било одредено дека Велигден секогаш треба да биде по пролетната рамноденица во првата недела по полната Месечина. Така, без отстапки, најголемиот христијански празник мора да е во недела. Неговото прославување никогаш не смее да се совпадне со денот кога Евреите празнуваат Пасха, ниту пак пред неговото одбележување. Пасха кај Евреите е одбележувањето на датмуот на нивното ослободување од египетското ропство и преминувањето, според преданијата, преку Црвеното Море во нивната прататковина.

Сепак, правилата според кои се утврдува датумот на Велигден налагаат доколку Воскресението Христово паѓа пред Пасха, тогаш христијанскиот празник се одлага за првата недела по следната полна Месечина. Ако повторно се совпаѓа, пак се одлага за една недела, но не подоцна од 8 мај. Велигден е, едноставно речено, стожерниот празник по кој се одредуваат сите други. Сите тие се определуваат откако точно ќе се види кога паѓа Воскресението Христово и со овој установен начин на пресметување, празникот Прочка секогаш е седум недели пред Велигден, потоа, првата сабота по Прочка е Тодорова сабота или Тодорица, а во неделата пред Велигден се Цветници… Четириест дена по најголемиот празник, секогаш в четврток паѓа Вознесение или Спасовден. За разлика од овие значајни датуми во православието кои не се со менливи датуми, Божик, Ѓурѓовден и некои други празници, кои имаат фиксни датуми. Но, важно е да се знае и тоа дека, иако православните цркви во светот користат два календара — Јулијански и Григоријански, сите православни цркви, Велигден го слават во ист ден. Интересно е што во нашата држава, Велигден на ист датум го слават и католиците од Источен обред, како и припадниците на Евангелско-​методистичката црква.

Во периодот од 1900 до 2100 година прославата на Велигден е помеѓу 22 март и 8 мај. Еден од начините на пресметување на датумот, на кој се паѓа Велигден според Јулијанскиот календар ја дал математичарот Карл Фридрих Гаус. Алгоритмот според кој се пресметува на следниот начин:

G = година за која се пресметува датум на Велигден
R1 = G mod 19 (Остаток при делење на годината со 19)
R2 = G mod 4 R3 = G mod 7 RA = 19 R1 + 16 R4 = Rа mod 30
RB = 2R2 + 4R3 + 6R4
R5 = RB mod 7 RC = R4 + R5

Велигден е на ден:

Ако Rc < 28 Велигден е на датум Rc+3, ако Rc >= 28 Велигден е на датум Rc-​27 Ако Rc < 28 Велигден е во месец априлако Rc >= 28 Велигден е во месец мај.

1775 Bris­tol Road West
Mis­sis­sauga Ontario L5M 2Y5 Canada

1 (905) 82180550

moc@​st-​ilija.​ca

Дома Духовност КАКО СЕ ПРЕСМЕТУВА ДАТУМОТ ЗА ВЕЛИГДЕН?