Sveti Ilija

Индекс на артикл

. Се наметнува едно логично прашање: дали денес еретиците (секташите) се сметаат себе си за подобри познавачи на Христовата наука, кога негираат се она што Црквата не учи низ вековите, и она што се смета за непоколеблива вистина!? Ако е така, тогаш Црквата Христова живеела во заблуда цели 19 векови, и се покажува како лажна; и сите светии низ вековите, како најголемите лажговци и еретици! Секому поединечно, оставаме да заклучи што од ова е вистина? Нам, на православните христијани вистината ни е позната, таа се наоѓа само во Христовата (православна) Црква, а не во една од „христијанските“ секти. Секташкото (еретичко) негирање на небесната Црква е видлив начин на отфрлање на земната Црква Христова. Таков човек не може да се нарече ниту верник, а уште помалку христијанин, бидејќи го грди делото Божје. Знаеме дека „Бог не дозволува да биде поруган“ (Гал. 6,7). Св. ап. Павле за таквите вели: „Бегај од човек еретик, откако еднаш и по вторпат го советуваш… Таквиот се осудил сам себеси“ (Тит. 3,1011). Христос (само Тој може да ги постави темелите на Црквата (1 Кор. 03:11)), а не на било кој човек како што е случај со сите секти. Да ги земеме за пример основачите на адвентистите Вилијам Милер (поранешен баптист) и Елена Вајт, така-​наречена „пророчица“; основачите на баптистите Том Минцер, Јохан Бокелсон, Еберли Болт, Конрад Гребел, Феликс Манц, итн.; Основачот на сектата Назарини Самуел Хенри Фрелих; основачот на јеховините сведоци Карл Taзe Расел; основач на Мормоните Јозеф Смит, итн . Како што можете да забележите, ниту една од овие „цркви“ не е формирана од Господ Исус Христос, туку од поедини личности кои од само ним познати причини ги напуштиле или биле протерани од нивните претходни „цркви“. И речиси сите потекнуваат од 18-​ти и 19-​ти век, а како што знаеме, не е дека Господ Исус Христос чекаше до 19– от век, некаде, во САД, некој земјоделец или бизнисмен да ја основа Христовата Црква. Којшто верува во Светото Писмо, може да ја смета за Црква само онаа христијанско верска заедница, која започнува од времето на страдањата на нашиот Спасител, и од денот кога Тој го испрати Светиот Дух, Утешителот, на светите апостоли (Д. АП 2,14.) — (Кога беше создадена првата црковна заедница во Ерусалим); и која има непрекинато свештенство, кое во континуирана низа потекнува од апостолите (апостолското преемство). И тоа е надвор од секое сомневање православната (оригинално правоверната) Црква на Исток, за што сведочи непрекинато Светото Предание, и самата историја на Црквата. Исто така, Господ ветил дека ќе биде засекогаш во Неа; до крајот на светот (Матеј 28,20), и тоа ветување мора да се исполни, бидејќи: „Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат,“ — речеГоспод (Мк. 13:31). Каков е тој маловерен човек кој се сомнева во ветувањата Господови? Јасно е дека Црквата Христова, до крајот на овој век, до второто и последно Христово доаѓање, ќе ја зачува чистотата на Христовата вистина – Нејзиното од Бога предадено учење. Иако многумина ќе се обидат да ја изопачат вистината (. Д. Ап. 20,2930), ние веруваме во Христовите зборови: „дека вратите на пеколот нема да ја надвладеат“ (Мт. 16,18). Наместо заклучок, да се осврнеме на неколку места од Светото Писмо кои треба да се имаат на ум, за да може на правилен начин да се размислува за Црквата Христова; дека никој не би застранил од вистинскиот Пат и оддал на магловити привиденија на секташки стапици и заблуди, евтини и привремени задоволства и возбуди, кои на крајот имаат за цел да завршат со губење на сопствената личност и идентитет — “слепите” следбеници на сектите, и “слепите” слуги на човечките илузии и фантазии. А на оние кои веќе се загубиле и отишле на погрешен пат, со Божја помош, да им ги отвориме очите, та да се вратат во Правата верата:

Подготвил,

Протоереј Константин Митровски

1775 Bris­tol Road West
Mis­sis­sauga Ontario L5M 2Y5 Canada

1 (905) 82180550

moc@​st-​ilija.​ca

Дома Духовност Црквата Христова II Дел