Macedonian Orthodox Church 'St.Ilija'
Macedonian Orthodox Church 'St.Ilija'
  • Home
  • Contact Us
  • Дома
  • Духовност
  • Распоред/Schedule
  • Секции
    • Женска Секција
    • Пензионерско друштво
  • Донации
  • Контакт
  • Василица 2023
  • More
    • Home
    • Contact Us
    • Дома
    • Духовност
    • Распоред/Schedule
    • Секции
      • Женска Секција
      • Пензионерско друштво
    • Донации
    • Контакт
    • Василица 2023
  • Home
  • Contact Us
  • Дома
  • Духовност
  • Распоред/Schedule
  • Секции
    • Женска Секција
    • Пензионерско друштво
  • Донации
  • Контакт
  • Василица 2023
Добродојдовте на веб страната на

Македонската Православна Црква Св.Илија - Мисисага

За нас

Нашата Црква

Македонската Православна Црква Св. Илија во Мисисага е основана во 1979 година. Првата црковна зграда беше лоцирана на 290 Derry Rd West. Во 1997 година храмот беше преместен на денешната локација во Streetsville, реновирајќи и пренаменувајќи ја поранешна уметничка галерија во црква. Во 2000 година беше жртва на напад кога беше запалена при што поголем дел од зградата беше уништен. По собирањето средства од нашата локална македонска православна заедница, се донесе решение да се изградин нова црква. Темелите беа поставени на новата локација на 7-ми септември 2002 година, а изградбата заврши 2004 година. Во закрила на црквата битисуваат женска секција, црковен хор, неделно училиште со настава на Македонски јазик, клуб на пензионери, а исто така и играорна секција. Во долниот дел на црковниот објект има банкет сала. Секоја година Црквата Св. Илија учествува на повеќе градски културни настани, како на пример “Carassauga“. Црквата исто така го поседува „Св. Илија Македонски Парк“ со површина од 120,000 m2 лоциран блиску до Derry Rd & Hurontario St во Мисисага. 

Како помагаме

Нашата црква е посветена на својата православна христијанска мисија правејки го свветот околу себе подобро и посреќно место за живеење. Со помош на неуморните волонтери, ние организираме добротворни настани и културни настани преку кои и помагаме на нашата Црква и го засилуваме заедништвото во нашата заедница.

Биди вклучен

Ако имате желба да ни се приклучите, јавете ни се. Ние секогаш имаме потреба од волонтери. Ние ќе се  потрудиме да Ви понудиме волонтерска позиција која највеќе Ви одговара. Ние навистина ќе се радуваме ако станете дел на нашиот тим.

Ви благодариме

Дали помагате преку парична донација, волонтирајќи или преку ширејќи ја нашата мисија преку збор и дело, Ви благодариме. Ние неможеме да ја спроведеме нашата мисија Вашата помош и подршка. 

Порака од Управниот одбор

Со искрена благодарност кон сите Вас

https://www.gofundme.com/f/q6x762?utm_source=customer...


Драги браќа и сестри во Христа,


Во пресрет на нашиот најголем празник, Празникот над сите Празници, Воскрсение Христово – Велигден, да погледнеме наназад во годината што помина. Но и покрај многуте интензивни и неочекувани тешкотии во целото наше општество и целиот свет ние во нашата црква “Св. Илија“ сепак можеме да бидеме благодарни на Бога за сите благослови што ни ги дарува на сите нас. Тоа е начин со кој сите можеме да се поврземе ако се грижиме да ги видиме сите нешта со благодарни очи во Божјата Промисла. Ние сме исто така благодарни на вас и на сите оние кои се грижат и се молат на Светиот пророк Илија и го молиме Бога да ни помогне со вашите молитви и за друга поддршка. Вашите молитви, макар да се и во домашни услови, ни значат многу и ние се молиме за вас секој ден. Ова е нормален и здрав однос на взаемна христијанска заедница, поддршка со молитва и љубов што верниците си ги упатуваат едни на други. Така било низ историјата на Црквата, така треба да биде и денес. Ние ќе се трудиме да сториме се’ и ќе продолжиме да се молиме за сите. Нека сите сме благословени да се сакаме и да се научиме на поголема зависност од Севишниот Бог Кој нè сака интензивно во секој момент од нашите животи и секогаш да се молиме Неговата милост да ја достигне секоја личност.


Ковидската криза влијаеше на сите нас. Благодарни сме на Бога што не’ дочува. Во поголем период од изминатата година црквата беше скоро затворена. Освен свети богослужби, повеќе на on-line или присуство на мал број на луѓе, крштевките, венчавките и другите прослави изостанаа, а со тоа и приходите во црквата се знатно намалени. Потребна е Вашата помош Ние од Управниот одбор се обраќаме до нашите донатори и до Вас, драги пријатели, за практична помош да ни помогнете за да можеме да ги исполниме нашите финансиски обврски во оваа страшна пандемија. Секој долар ќе се смета за благослов. Ви благодариме за Вашата помош и нека милоста од нашиот Господ и Бог и Спасител Исус Христос биде на сите Вас.


АМИН.


Ваши браќа во Христа,
Од Управниот одбор МПЦ “Св. Илија“, Мисисага

Велигденска порака

Порака од претседателот на црковниот одбор

Почитувани членови, драги пријатели, браќа и сестри,


Честитајќи Ви ги претстојните Велигденски празници сакаме и овој пат да Ве потсетиме, а воедно и да Ве поканиме да одвоите дел од Вашето драгоцено време и во овие празнични денови да ја посетите нашата и Ваша црква “Св. Илија“. Онолку колку што е дозволено заеднички да се помолиме и да го прославиме Воскресението Христово кое е темел на нашата вера и најголем настан во историјата на човештвото воопшто.


Честитки по повод Велигденските празници испараќаме до сите наши парохијани и редовни членови, но и до целиот православен народ Македонски. Црквата Христова е за сите луѓе, но особено нејзина задача е да ги собере сите свои верни чеда кои ја исповедуваат христијанската вера и затоа таа се нарекува Соборна, а Македонската православна црква, пак, има задача да ги собере своите верни чеда во Татковината и насекаде во светот. Црквата нe’ доближува до Бога и тука се чувствуваме вистински чеда Божји и браќа по род, вера и народност оти ние сме еден народ од Пирин, Егеј, Вардар и Преспа. Храмот Божји е местото за заедничко прославување на Бога, во него се молиме на нашиот мајчин македонски јазик. За верата во Бога и јазикот наш дадени се безброј жртви во минатото кои ние денешните генерации треба да ги почитуваме и славиме но и да се поучуваме од нивниот пример и жртвите што ги дадоа. Во годините на ропството нашата Црква не само што успешно ја извршуваше својата мисионерска задача - водејќи го народот кон вечното спасение, туку таа, како вистинска Мајка, се грижеше за своите верни чеда. Во нејзе ние “ израснавме“ како Македонци, а преку неа не само што беше зачувана верата наша Православна, туку и целото наше културно наследство. Тогаш македонските манастири беа училишта и универзитети каде се чуваше, негуваше и усовршуваше јазикот наш – македонски и целата наша писменост и култура. Ние, што сме се определиле да живееме на овие простори, исправени сме пред голем предизвик: како нашите идни генерации да ја зачуваат верата наша прадедовска и како да го зачуваат јазикот наш македонски!? Таа можност пак ви ја нуди Црквата. Црквата е наjпогодното место за Ваша духовна и културна интеграција. Нашата МПЦ “Св. Илија“ ви нуди можности да ги остварите и задоволите вашите духовни и културни потреби и тоа: редовна заедничка молитва во празничните и неделните денови како и пошироко запознавање со Православната вера, во нормални услови за најмладите, редовно се одржува настава за веронаука и македонски јазик секоја недела од 10 до 12 часот; тука е играорната група, за мали и поголеми, се организираа разни забави за децата по повод: Коледе, Божик, Нова година, Прочка, Велигден и др. Но, успехот на овие и многу други активности ќе зависи од Вас и од Вашето присуство и партиципирање во истите кога условите тоа го дозволуваат.  
Се надеваме дека оваа пандемија што го парализира целиот свет ќе заврши, а со тоа ќе се создаде можност да се врати нашиот црковен живот повторно во целиот сјај како предходно. 


Нашата црква “Св. Илија“ е новоизградена и функционална, но за одржување на истата неопходно е партиципирање и донација од сите Вас. Особено во ова кризно време секоја помош е добредојдена. Црквата ќе им служи и на идните генерации, на сите наши идни рожби кои што ќе живеат во ова место и на овие простори. Тука Вашите новородени деца ќе се крштеваат, а тука, кога ќе дојде време и ќе се венчаваат. Сето тоа Ви дава обврска и Вам, драги родители, да бидете дел од оваа црква. Затоа учествувајте во нејзините активности.


Сега кога е неопходна Вашата помош приклучете се и помогнете и бидете активен дел од неа. Вложувајќи доброволен труд и финансии во неа денес, давате залог за вашата сопствена иднина како православни македонци. Неоспорно е дека во иднина Црквата ќе ви треба Вам но Вие сте неопходни на Црквата денес, односно сега. Затоа Ве повикуваме и овој пат да помогнете со Ваши донации за да имаме простор и можности во иднина да вложуваме за други Богоугодни цели. Ја очекуваме Вашата помош. Чувајте ја Црквата за да Ве сочува таа во иднина како православни Македонци

Честити Велигденски празници. 

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

АЦО КРСТЕВСКИ,
Претседател на црковниот одбор

Ние на социјалнитре мрежи

Македонска Православна Црква - Св. Илија -Мисисага

Copyright © 2020 Macedonian Orthodox Church 'St.Ilija' - Mississauga - All Rights Reserved.

Powered by GoDaddy Website Builder